Скромноста не му е силна страна–Лукаку се смести во топ 5 светски напаѓачи

Скромноста не му е силна страна–Лукаку се смести во топ 5 светски напаѓачи

пред 3 години

Фудбалскиот репрезентативец на Белгија кој во моментов фудбалскиот леб го заработува во милански Интер – Ромелу Лукаку вели дека токму тој е еден од петте најдобри напаѓачи во моментов, во светски рамки.

„Јас сум еден од петте најдобри напаѓачи на светот. Ако Роналдо, Меси или Левандовски ги надминаа своите граници, зошто и јас да не можам тоа да го сторам. Физички, јас сум силен. Ако имам добра атлетска подготовка, нема проблеми. Мислам дека станува збор и за менталитет. Минатото лето одморив се на се 8 дена, но никогаш не ми падна на памет да кажам дека не сум се одморил доволно“ – вели Лукаку.

Тој се уште сака да се докажува.

„Сакам да размислувам да се подготвам напорно и да им покажам на сите колку вредам. Мора да сме задоволни што играме повеќепати неделно. Оние кои внимателно ги гледаат натпреварите, сигурен сум дека гледаат сè. Додавам нешто на моето искуство, секоја година“ вели корпулентниот белгиски напаѓач кој барем засега одлично се снаоѓа на „Меаца“, што не беше случај претходно на „Олд Трафорд“.

Share
Scroll to Top