Словачко остана непоразен во Белград, Вест Хем со максимален ефект во Конференциската лига

Словачко остана непоразен во Белград, Вест Хем со максимален ефект во Конференциската лига

пред 1 година

Словачко ремизираше против Партизан (1:1) во Белград во последното коло од Конференциската лига на УЕФА. „Црно-белите“ како второпласиран тим од групата одат во 1/16-финалето на ова натпреварување, а Ница го задржа првото место и покрај ремито (2:2) против Келн.

Натхо од пенал донесе водство за Партизан во првиот дел, а израмни Михалик во 72. минута.

Вест Хем со 3-0 ја победи ФЦСБ и со максимален ефект го заокружи групниот сегмент.

Во групата Б, Андерлехт го победи Силкеборг со 2:0 го освои второто место во групата во директната пресметка за нокаут фазата.

Во групата Ц, Лех Познањ со 3:0 го победи Вилјареал и го освои второто место во групата.

Share
Scroll to Top