Попладнево во Нион, беа извлечени и двојките за опстанок во А-дивизијата во Лигата на нации.
Во овој сегмент учествуваат четири селекции од просторите на поранешна Југославија: Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија.
Интересно на ждрепката не беа извлечени да играат едни против други.
Двојки за опстанок во А дивизијата:
Босна и Херцеговина-Данска
Унгарија-Србија
Република Ирска-Хрватска
Словенија-Велс.
Натпреварите се на програмата од 25 до 30 март 2027 година.
EPA/GEORGI LICOVSKI






