Слот верува дека ќе остане на клупата на Ливерпул

Слот верува дека ќе остане на клупата на Ливерпул

пред 6 часа

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека е уверен дека ќе остане на чело на клубот следната сезона. Холанѓанецот има уште една година од договорот и, според повеќето извори, клубот ќе го задржи и покрај неговата лоша сезона и фактот дека Чаби Алонсо е моментално достапен.

„Не мислам дека самиот ќе одлучам за ова. Имам секаква причина да верувам дека ќе бидам менаџер на Ливерпул и следната сезона. Прво, имам договор со клубот. Второ, тоа можам да кажам дека поради сите разговори што ги имавме досега“, рече Слот и продолжи.

„Мислам дека светот достигна точка каде што ако менаџерот или клубот нема најдобра сезона, секогаш има дебата. Тоа е новата реалност во фудбалот. Не е моја работа да им судам луѓето што ме судат. Тие имаат целосно право да го кажат она што го мислат.“

„Знаеме каде и кога почнуваат нашите подготовки. Се прават планови и се водат дискусии во клубот за нови играчи, а јас сум вклучен во тоа“, додаде Слот на денешната прес-конференција.

Утре, Ливерпул ќе биде домаќин на Астон Вила во натпреварот од претпоследното коло од Премиер лигата, а евентуална победа им гарантира учество во Лигата на шампионите.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top