Поради обилните врнежи од снег на територијата на цела држава, Комисијата за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија ги одложи денешните натпревари од 19. коло.
„Натпреварите ќе се одиграат наредниот викенд, во недела, на 21.февруари“, стои во соопштението на ФФМ.
Наредната недела, во ова коло ќе играат:
Борец-Шкупи
Ренова-Беласица
Силекс-Шкендија
Струга-Македонија ЃП
Вардар-Пелистер
Еден дуел од ова коло се одигра вчера, Работнички во Струмица го победи тимот на Академија Пандев со 1:0.