Собослаи во јануари ќе го напушти Салцбург

Собослаи во јануари ќе го напушти Салцбург

пред 3 години

Доминик Собослаи, еден од најдобрите млади играчи во Европа, ќе го напушти Салцбург во јануарскиот преоден рок. 20-годишниот Унгарец се поврзуваше со трансфер во Милан или Арсенал, но шпанските медиуми тврдат дека интерес за него покажува и Реал Мадрид.

„Реалноста е таква, играч со такви квалитети оваа зима ќе добие многу понуди. Тој е неверојатен талент. Морам ова да го кажам, кога тренирате млади играчи, морате да ги сакате и да се соочите со фактот дека тие ќе заминат, но мора да го сакате и моментот дека ќе добијат одлични можности да се докажат и да покажат колку се добри“, рекол тренерот на Салцбург, Џеси Марш.

Доминик Собослаи, од почетокот на сезоната, во сите натпреварувања има одиграно 13 натпревари, постигнал пет гола и забележал девет асистенции.

Share
Scroll to Top