Собослаи останува „бик“, но се сели од Австрија во Германија

Собослаи останува „бик“, но се сели од Австрија во Германија

пред 3 години

Унгарскиот фудбалер, Доминик Собослаи и официјално го напушти австриски Салцбург и потпиша договор за бундеслигашот Лајпциг.

Со своите фудбалски вештини овој 20-годишен фудбалер од средниот ред го привлече интересот на големите европски екипи, но братскиот клуб на Салцбург беше најконкретен.

Собослаи со „биковите“ од Лајпциг потпиша договор до летото 2025 година.

Во првиот дел од сезоната за австрискиот клуб одигра 21 меч и постигна 9 гола надополнети со 10 асистенции во сите натпреварувања.

Share
Scroll to Top