Солскјер и „ѓаволите“ рушат рекорди, ама негативни!

Солскјер и „ѓаволите“ рушат рекорди, ама негативни!

пред 3 години

Манчестер Јунајтед сезонава одигра три меча на својот „Олд Трафорд“ во рамки на Премиерлигата и ниту еднаш не славеше победа. Тоа на „ѓаволите“ не им се случило уште од сезоната 1972/73.

Во првиот меч на домашен терен Јунајтед загуби с 1-3 од Кристал Палас, во вториот дуел на „Театарот на соништата“ беа прегазени од „петлите“ на Мурињо со 6-1, а вечерва дербито со Челси заврши 0-0. Од можни 9 бода на домашен терен, само 1, вкупно 7 по 5 одиграни кола во Премиерлига.

Сега „ѓаволитете“ се на поразителното 15-то место.

Share
Scroll to Top