Солскјер: Нема поисториски меч од Јунајтед-Ливерпул

Солскјер: Нема поисториски меч од Јунајтед-Ливерпул

пред 3 години

Оле Гунар Солскјер смета дека Манчестер јунајтед-Ливерпул е „најисторискиот“ меч на светот, ветувајќи дека ќе го дадат максимумот за победа над лутите ривали.

Јунајтед го пречекуваат Ливерпул на „Олд Трафорд“ денеска во меч кој нема да има влијание за титулата (Манчестер сити бегаат 13 поени и ако Јунајтед загубат ќе станат шампони), но за Ливерпул, кои се на шестото место пораз ќе значи голем удар во борба за пласман во Европа.

Солскјер, сепак, инсистира дека секој дуел меѓу двата најуспешни клубови во англискиот фудбал носи огромно значење и најави дека нема да биде задоволен со ништо освен со победа.

„Голем викенд за фудбалот, можеби најисторискиот меч на светот. Секогаш кога играме со Ливерпул сакаме да победиме. Нема сомнеж дека моите фудбалери се подготвени и ќе го дадеме максимумот. Прекрасен меч за играње, иако имам добри и лоши спомени“, вели Солскјер.

Share
Scroll to Top