Солскјер точно 22 години по најславниот гол, се надева дека ќе освои титула

Солскјер точно 22 години по најславниот гол, се надева дека ќе освои титула

пред 3 години

Менаџерот на Манчестере јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги инспирираше своите фудбалери точно 22 години по денот кога го постигна својот најславен гол да донесат титула од Лига Европа против Вилјареал и да означат почеток на „нова ера“ во историјата на славниот клуб.

Утре, Јунајтед ќе играат со Вилјареал во Гдањск, Полска, каде што Солскјер се надева на првиот трофеј како менаџер на клубот, точно 22 години откако во 1999 година постигна гол во драматичната завршница од финалето на ЛШ против Баерн Минхен за да ја освојат титулата.

„Разликата е прво во тоа што тогаш до Барселона летавме со ‘Конкорд’ и беше ужасен лет, и морав да одам во тоалет. Во понеделникот беше многу удобно. Лекцијата е едноставна – верувај во својот тим, верувај во својот инстинкт. Им кажувам и на тие кои ќе бидат резерви дека можат да бидат голем дел од мечот. Биди лут на мене што не играш, но биди подготвен кога ќе влезеш на терен. Имаме пет победи во Европа, двапати загубивме од Барселона, ова се големи вечери за нас. Сер Алекс е со нас, а на 26 мај е роденденот на Сер Мат Базби. Да го почестиме со нова победа. Фудбалерите доаѓаат во Јунајтед за да освојуваат титули и мораме да го прифатиме преидзвикот“, вели Солскјер на прес-конференција во Полска.

https://www.youtube.com/watch?v=458CiSLm1vc

Share
Scroll to Top