Солскјер удри по Клоп: Ние сме клуб кој е добро воден и има навивачи и пари

Солскјер удри по Клоп: Ние сме клуб кој е добро воден и има навивачи и пари

пред 3 години

Менаџерот на Манчестер јунајтед Оле Гунар Солскјер му одговори на ривалот од Ливерпул, Јирген Клоп, откако германскиот тренер се чудеше откаде им пари на Јунајтед за засилувања од над 100 милиони фунти.

Клоп изјави дека разбира зошто Челси и Манчестер сити трошат многу, поради нивните богати сопственици, но беше изненаден што Јунајтед дадоа 73 милиони фунти на Џејдон Санчо и 34 милиони фунти за Рафаел Варан.

„Ние сме клуб кој е добро воден. Имаме многу фанови низ целиот свет и добри спонзорски договори. Како менаџер секогаш сакаш повеќе, и повеќе пати сум слушнал не. Како другите ги водат своите клубови, тоа е нивна работа. Јас си купив електричен автомобил“, вели Солскјер, очигледно посочувајќи на парите од нафтата кои ги добиваат ривалите од Манчестер сити.

Клоп: Јасно е дека Челси и Сити имаат пари, не ми е јасно што прават Јунајтед

Share
Scroll to Top