Солскјер ќе добие нов договор

Солскјер ќе добие нов договор

пред 4 години

Манчестер јунајтед му понудиле нов договор на менаџерот Оле Гунар Солскјер. Норвежанецот има уште една година од актуелниот договор.

Манчестер јунајтед сакаат да го задржат Солскјер најмалу до јуни 2023 година. Со новиот договор тој ќе добие и поголема плата, наместо досегашните осум би заработувал 10 милиони евра годишно.

Солскјер стана менаџер на Манчестер јунајтед, во декември 2018 година, кога го наследи Жозе Мурињо. Досега, го предводел тимот на 134 натпревари во сите натпреварувања, со скор од 75 победи, 29 порази, 31 пат „црвените ѓаволи“ под негова команда одиграле нерешено.

Share
Scroll to Top