Сосиедад освои бод со Вилјареал, па сам е на врвот на Ла Лига

Сосиедад освои бод со Вилјареал, па сам е на врвот на Ла Лига

пред 4 години

Изненадувањето трае, поминаа 11 кола во шпанската Ла Лига е лидер на табелата е клубот од Сан Себастијан – Реал Сосиедад. Вечерва ремизираа 1-1 на својот стадион против екипата на Вилјареал.

Во натпревар без голем број сериозни шанси за гол, двата погодока беа постигнати од белата точка.

Морено ја донесе „жолтата подморница“ во предност во 6 минута, а конечните 1-1 исто со удар за најстрога казна ги постави во 32 минута Ојарзабал.

Реал Сосиедад е на чело на табелата со 24 бода, еден повеќе од Атлетико Мадрид кој пак има 2 меча помалку од лидерот.

Вилјареал со денешниот бод останува трет на табелата, со 20 бода.

Во останатите денешни дуели во Ла Лига, Селта во Виго беше подобра од Гранада со 3-1, а Хетафе и Атлетик Билбао поделија по бод играјќи 1-1.

Share
Scroll to Top