Јувентус, во неделата, го победи Каљари со 3:1. Совршен хет-трик постигна Кристијано Роналдо во првите 32 минути од натпреварот.
Прашање е каков тек ќе имаше овој натпревар доколку при водство 1:0 за Јувентус, Португалецот добиеше црвен картон.
Роналдо, во обид да дојде до една нафрлена топка, ја погоди главата на голманот Алесио Крањо. ВАР не се огласи, а Роналдо за овој опасен старт доби жолт картон.
Поранешниот судија Лука Марели смета дека Роналдо требало да биде исклучен.
„Роналдо заслужи црвен картон. Секако дека немаше намера, но фаулот е многу сериозен, заслужи црвен картон. Штета што во оваа ситуација ВАР не реагираше“.
Погледнете го стартот на Роналдо.