Фудбалерите на Шалке по 30 години испаднаа од Бундес лигата. Теоретските шанси за опстанок во лигата ги загубија со поразот од Арминија. Фудбалерите на Шалке имале непријатен дочек во Гелзенкирхен по враќањето од Билефелд.
Група, од 600 незадоволни навивачи, ги чекале играчите кои утрово се вратиле во Гелзенкирхен. Тие со јајца ги гаѓале играчите.
„Кога играчите започнаа да излегуваат од автобусот на нив биле фрлени јајца. Исто така сите беа жестокот навредувани. Никој не е повреден. Трагаме по хулиганите“, стои во полициското соопштение.
Шалке, се наоѓа во длабока криза. Сезонава клубот има само две победи во Бундес лигата.