Луиџи Сартор, кон крајот на минатиот и почетокот на овој важеше за исклучително добар фудбалер. Сартор играл за сите младински селкции на Италија, а успеал два пати да настапи и за сениорската репрезентација.
Сартор, со Јувентус, Парма и Интер го освоил Купот на УЕФА, а со Виченца го освоил Купот на Италија.
Италијанските медиуми, денес, објавија дека 46-годишниот Сартор, завршил зад решетки. Во својот дом тој одгледувал марихуана. Полицијата во неговиот дом, во близина на Парма, пронашла 106 стебла марихуана.
Сартор и неговите активности биле подолго време предмет на полициска истрага.