Со „You’ll Never Walk Alone“ е полесно – Ливерпул го прегази Вулверхемптон

Со „You’ll Never Walk Alone“ е полесно – Ливерпул го прегази Вулверхемптон

пред 4 години

Првпат по речиси девет месеци, навивачите на „Енфилд“ (иако само 2.000) ја отпеаја „You’ll Never Walk Alone“, на што „црвените“ одговорија со доминантна 4:0 победа над Вулверхемптон за израмнување со првопласираниот Тотенхем на 24 поени по 11 кола во новата сезона.

Меѓу фановите на „Енфилд“ беше и повредениот Вирџил ван Дајк, давајќи уште поголема мотивација на тимот на Јирген Клоп.  Мохамед Салах во 24. минута ја искористи ретката грешка на гостите за да донесе водство на Ливерпул, за во 50-тата минута Џиџио Вајналдум да постигне прекрасен гол за 2:0. Во 67. минута Жоел Матип зголеми на 3:0, а Семедо си постигна автогол во 78. минута за „покер“ во мрежата на „волците“.

Share
Scroll to Top