Спектаклот на „Писхуан“ за Севилја, до 14. минута имаше 4 гола

Спектаклот на „Писхуан“ за Севилја, до 14. минута имаше 4 гола

пред 3 години

На стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ Севилја и Реал Сосиедад одиграа сјаен меч за отворање на саботната програма во шпанската Ла Лига. Домаќините се радуваа на победа од 3-2 благодарение на хет-трикот на Јусеф Ен Несири.

За само 14 минути од почетокот веќе имаше 4 гола, по два во двете мрежи.

Во 4 минута Ен Несири го постигна својот прв погодок.

Но само што тргнаа од центарот, гостите од Сан Себастијан стигнаа до 1-1, виновник за тоа е домашниот стопер, Диего Карлос, си постигна автогол. Го лобуваше својот голман од над 20 метри.

Голеадата тука не застана. Севилја повторно со гол на Ен Несири доаѓа во водство, во 7 минута.

Мрежите мируваа се до 14 минута кога Швеѓанецот Исак носи ново израмнување за својата екипа, 2-2.

Второто полувреме заврши во ист ритам, како и воведот на мечот.

По само 43 секунди во вториот дел Ен Несири со својот трет погодок ја донесе победата за својата екипа.

Најблиску до ново израмнување играчите на Сосиедад беа во 78 минута, но од гол линијата беше исфрлена топката што ја упати Игор Зубелдија.

Двата тима сега се со по 30 бода на 5-та, односно 6-та позиција на табелата, со тоа што Сосиедад има 3 меча повеќе одиграно од Севилја.

Share
Scroll to Top