Спектакл во првото коло на АО – Оже Алијасим во пет сета го победи Тим

Спектакл во првото коло на АО – Оже Алијасим во пет сета го победи Тим

пред 4 месеци

Феликс Оже Алијасим и Доминик Тим одиграа спектакуларен меч во првото коло на Австралија опен. Победи Канѓанецот во пет сета и по пет часа игра.

Феликс, инаку 30. на АТП листата, водеше со 2:0 (6:3, 7:5), но финалистот од 2020 година, Австриецот Тим, 92. на АТП листата, успеа да изедначи на 2:2 (5:7, 2:6).

Во решавачкиот сет. Феликс направи брејк во вториот гем и успеа таа предност да ја сочува до самиот крај.

Во следниот меч Канаѓанецот ќе ги одмери силите против Французинот Хуго Грениер кој со 3:2 во сетови го победи сонародникот Александар Милер.

Share
Scroll to Top