Спогодбено се разделија Лацио и Маурицио Сари

Спогодбено се разделија Лацио и Маурицио Сари

пред 4 часа

Искусниот италијански тренер Маурицио Сари ја заврши соработката со Лацио по само една година откако беше назначен за шеф на стручниот штаб.

Оваа информација ја потврдија од „Олимпико“ со соопштението дека двете страни постигнале договор за меѓусебно раскинување на соработката по разочарувачката сезона на сите полиња.

Во инаку лошата сезона, Лацио заврши на деветтото место, а со поразот во финалето на Купот на Италија од Интер, официјално остана без шанси да се појави на меѓународната сцена.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top