Спогодбено се разделија МЗТ и Расел

Спогодбено се разделија МЗТ и Расел

пред 10 месеци

Фото/ mztskopjeaerodrom.mk

Американецот Седрик Расел од денеска и официјално повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром. Клубот информира дека спогодбено се разделил со Американецот.

Оваа одлука e донесена во заеднички интерес, со цел двете страни да пронајдат подобри опции за до крајот на сезоната. Американскиот бек во домашното првенство одигра 13 средби во просек постигнуваше по 10 поени, додека во АБА 2 лигата на осум натпревари постигнуваше по 13 поени.

МЗТ веќе е во потрага по поквалитетна опција на бековската позиција, со цел тимот да влезе уште посилен во вториот дел од сезоната во кој атакув на домашните трофеи и што е можно подобар пласман во регионалното натпреварување.

Share
Scroll to Top