Македонскиот селектор, Игор Ангеловски, доби комплименти од новинарите на „Спорт клуб“. Во анализата на вчерашниот натпревар Македонија-Украина 1:2, Ангеловски е наречен „вистинско освежување за европскиот фудбал“.
„Селекторот Игор Ангеловски е вистинско откритие и освежување за европскиот фудбал. Со начинот на кој го води тимот, со сјани тактички решенија покажува дека е иднината на европскиот фудбал. Сигурно е дека во иднина и во клупскиот фудбал ќе можеме да го гледаме Ангеловски и неговите одлични тактички решенија“.