Спринтот во Малезија за Педро Акоста

Спринтот во Малезија за Педро Акоста

пред 1 час

Возачот на КТМ, Педро Акоста, триумфираше на спринт трката одржана во рамките на Големата награда на Малезија, 19-та рунда од овогодинешното Мото ГП првенство. Спринтот се возеше по тешки услови, бидејќи на делови од патеката паѓаше дожд.

Шпанецот ја освои својата втора победа во спринтот во Сепанг, со малку повеќе од половина секунда предност пред Марк Маркез на Дукати. На третото место на подиумот беше возачот на Априлија, Марко Бецеки, кој беше седум десетинки од секундата поназад.

Освојувачот на на пол-позицијата, Алекс Маркез од Гресини, се изврте од патеката во третиот круг додека водеше.

Маркез, кој е на чело на генералниот пласман, сега има 374 поени, 19 повеќе од неговиот најголем ривал Хорхе Мартин, кој се откажа од остатокот од тркачкиот викенд поради болка во зглобот што го скрши пред една недела, и покрај тоа што првично му беше дозволено од лекарите да вози. Вториот возач на Априлија, Марко Бецеки, на третото место има 52 поени помалку од Маркез.

Малезиското Гран При во кралската класа се вози во недела од 8 часот наутро.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top