Стартува четвртфиналето – Реал против Ливерпул, Сити ја чека Борусија

Стартува четвртфиналето – Реал против Ливерпул, Сити ја чека Борусија

пред 4 години

Дербито Реал Мадрид-Ливерпул и пресметката помеѓу Манчестер сити и Борусија Дортмунд ќе ја отворат четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите.

На „Алфредо ди Стефано“, стадионот во Мадрид, во реприза на финалето од Киев во 2018 година, ќе се сретант актуелните шампиони на Шпанија и Англија, Реал и Ливерпул.

Според моменталната форма, мала предност имаат фудбалерите на Реал. „Кралскиот клуб“ се наоѓа во серија од 11 натпревар без пораз, додека Ливерпул на последните два натпревари покажа дека тимот излегува од кризата, во која беше речиси три месеци.

Манчестер сити се големи фаворити во дуелот со „милионерите“ од Дортмунд. Сити имаат 26 победи на последните 27 натпревар, практично веќе ја имаат освоено титулата во Премиер лигата. Целта на Пеп Гвардиола сега е трофејот во Лигата на шампионите.

Борусија, игра променливо оваа сезона. Во претходната рунда ја елиминираа Севилја, но во Бундес лигата се надвор од зоната која обезбедува пласман во Лигата на шампионите, во наредната сезона.

Голем проблем за Дортмунд претставува отсуството на Џејдон Санчо, додека главниот адут Ерлинг Халанд, ќе има можност да му покаже на Гвардиола, дали треба да инвестира во неговиот трансфер.

Натпреварите во Мадрид и Манчестер ќе стартуваат во 21 часот.

Share
Scroll to Top