Рахим Стерлинг беше уапсен во четврток под сомнение за возење под дејство на дрога.
Тој е обвинет и за опасно возење, поседување дрога од класа Ц и одбивање да направи тест за дрога.
Полицијата го запре Стерлинг бидејќи го удрил своето Ламборџини во заштитна ограда.
Полицијата во соопштението го наведе следново:
„Непосредно пред 9 часот наутро, добивме извештаи дека Ламборџини се удрил во заштитна ограда на автопатот М3 во близина на раскрсницата Минли, во несреќата не биле вклучени други возила и нема повредени. 31-годишниот возач од Беркшир беше уапсен под сомнение за возење под дејство на дрога, опасно возење, поседување дрога од класа Ц и одбивање да даде примерок за тестирање. Тој е ослободен со кауција во исчекување на истрагата“.
Британските медиуми објавија, дека станува збор за Рахим Стерлинг.
Според британскиот закон, наркотици од класа Ц се разни транквилизери, лекови против напади, благи опиоиди, анаболни стероиди и супстанции како што е „гас за смеење“.
Foto/ EPA






