Стефано Пиоли повеќе не е тренер на Милан

Стефано Пиоли повеќе не е тренер на Милан

пред 6 месеци

Стефано Пиоли повеќе не е тренер на Милан. Му пресудија не толку добрите резултати оваа сезона. Милан заврши втор во Серија А, но со голем минус во однос на шампионот Интер, не успеа да излезе од групата во Лигата на шампионите, а во Лига Европа, доживеа елиминација во четвртфиналето од Рома.

„Чао мистер,

Сакам да ти кажам дека се сеќавам на се од тој ден кога повторно станавме шампиони.

Ти и твоите момчиња на врвот на Италија. Јас, со ранец на грб, на врвот на трамвајската станица, додека срцето ми лудува.

Се сеќавам кога започна се, се сеќавам на Бергамо, дождот против Рио Аве, времето на Ковид и повторното раѓање на Милан. Враќањето во Европа и враќањето дома. Лигата на шампионите.

Со тебе почнавме повторно храбро да напаѓаме, да играме на победа, да се лутиме кога не победуваме. Да се навива со гордост.

Рафа, Тео, Мајк и сите други момци кои станаа подобри луѓе со вас затоа што им ги всадивте вредностите на клубот и ги научивте како да им пристапат на предизвиците и на теренот и во животот.

Сето тоа го направивте со страст, понизност и одлучност. За сето тоа сакав само да кажам – благодарам.

За секој пат кога татко ми ми ставаше шал пред да ме крене на рамениците на „Сан Сиро“. За момент можев само да сонувам порано. „Ние сме Милан“, ми рекоа. „И ќе се вратиме. И го направивме тоа. Повторно сме шампиони. И беше прекрасно.

А за се друго што не научи:

Само оние кои веруваат можат да постигнат успех“, со оваа порака фудбалскиот клуб Милан се прости од Пиоли.

Секако, Милан излезе и со официјално соопштение во кое потсети дека Пиоли пристигна во клубот во октомври 2019 година. Во која му се заблагодари на тренерот за се што му дал на клубот.

Пиоли го напушта гигантот од „Сан Сиро“ со биланс од 130 победи на 239 натпревари. Имаше и 57 нерешени и 52 порази. Скудетото го освои во сезоната 2021/22.

На неговото место, според шпекулациите ќе дојде актуелниот тренер на Лил, Пауло Фонсека.

Share
Scroll to Top