Стеф Кари е подготвен за почетокот на плеј-офот?

Стеф Кари е подготвен за почетокот на плеј-офот?

пред 2 години

Асот на Голден Стејт, Стеф Кари, се опоравува од повредата на стапалото и би можел да игра на првиот натпревар против Денвер на почетокот од плеј-офот на Западната конференција на НБА. Се очекува Кари да биде подготвен да се врати на теренот, а последниот тест ќе го има на тренинг.

Доколку го одработи без компликации, тогаш ќе добие дозвола од лекарите за настап.

Кари сезонава имаше просек од 25,5 поени на 64 натпревари, со 6,3 асистенции и 5,2 скока и го собори рекордот по бројот на постигнати „тројки“.

Share
Scroll to Top