Стивен Џерард: Сакам Манчестер Сити да страда

Стивен Џерард: Сакам Манчестер Сити да страда

пред 9 часа

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, побара строги санкции против Манчестер Сити откако независната комисија го прогласи клубпт за виновен, поради наводни финансиски неправилности помеѓу 2009 и 2018 година.

Легендарниот „Стиви Џи“ изјави дека казната мора да биде доволно строга за да служи како пример за во иднина.

Премиер лигата ги обвинува „граѓаните“ за кршење на финансиските правила, а конечната одлука за евентуални санкции се очекува по завршувањето на судската постапка.

Управата на Манчестер Сити ги негира обвинувањата и ги оспорува заклучоците на независната комисија.

Во наведениот период, Сити освои четири титули во англиската лига, а една од можните последици од постапката, во зависност од конечната одлука, е одземање на освоените трофеи.

Случајот има посебно значење за Џерард, кој беше блиску до освојување на Премиер лигата со Ливерпул во сезоната 2013/2014.

Тимот од „Енфилд“ имаше предност во финишот на сезоната, но се потклекна во одлучувачките моменти, па титулата му припадна на Манчестер Сити.

Поранешниот капитен на Ливерпул истакна дека нема ништо против фудбалерите кои го носеле дресот на „Граѓаните“ во тоа време, но ги доведе во прашање последиците што евентуалните утврдени прекршувања би можеле да ги имаат врз другите клубови.
„Немам ништо лично против играчите на Манчестер Сити од таа ера. Тие беа извонредни. Имаа свои големи моменти и веројатно ги заслужија. Сепак, не сум човек кој би прифатил шампионски медал ретроактивно. Одамна се помирив со фактот дека не ја освоив Премиер лигата, како и со она лизгање против Челзи“, рече Џерард.

Сепак, легендарниот англиски играч од средниот ред смета дека дебатата не треба да се сведува само на неговите лични амбиции и пропуштената можност на Ливерпул да ја освои титулата.

„Слушнав многу навивачи и фудбалери на Манчестер Сити како велат дека никој не може да им ги одземе тие моменти. Но, што е со моментите што им ги одзедоа на другите? Не зборувам само за себе и Ливерпул тука. Зборуваме за Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Евертон, за тимовите од дното на табелата и за оние кои се бореа за трофеи“, рече поранешниот репрезентативец на Англија.

Џерард особено нагласи дека евентуалната казна мора да биде доволно сериозна за да ги одврати другите клубови од слични дејствија.

Како можни мерки, тој ја спомена забраната за трансфери и одземањето на бодови, со порака дека само исфрлањето од Чемпионшипот нема да биде соодветна казна.

„Мора да се постави пример за историјата. Мислам дека нивното исфрлање во Чемпионшип нема да биде фер кон клубовите што се таму. Не мислам дека тоа е доволно, бидејќи тие веднаш ќе се вратат. Мислам дека мора да биде забрана за трансфери и одземање бодови за одреден временски период. Нека страдаат како што ги принудија сите други да страдаат во текот на тие девет, 10 години додека го правеа тоа“, рече Џерард.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top