Стонс го продолжи договорот со Манчестер сити

Стонс го продолжи договорот со Манчестер сити

пред 3 години

Англискиот репрезентативец Џон Стонс (27), го продолжи договорот со Манчестер сити. Клубот објави дека Стонс ќе остане на „Етихад“, до јуни 2026 година.

Стонс е играч на Манчестер сити од 2016 година. Претходно го носеше дресот на Евертон. Со „граѓаните“, досега три пати бил шампион во Премиер лигата, два пати победил во Лига купот, еднаш во ФА купот. Минатата сезона, за Сити настапи на 35 натпревари.

За Англија ги одигра сите седум натпревари на Европското првенство, вклучувајќи го и финалето, кое „Гордиот албион“ го загуби на пенали од Италија.

Share
Scroll to Top