Суарез во солзи – Атлетико веруваа во мене, вечно ќе им бидам благодарен

Суарез во солзи – Атлетико веруваа во мене, вечно ќе им бидам благодарен

пред 3 години

Луис Суарез со многу емоции ја прослави шампионската титула со Атлетико Мадрид. Уругваецот оваа сезона постигна 21 гол, меѓу кои и клучните два во победите над Осасуна и Ваљадолид.

Барселона, минатото лето, буквално го избрка Суарез од тимот. Атлетико тоа го искористија и за пет милиони евра го донесе на „Ванда Метрополитано“. Атлетико на Барселона ќе и плати и дополнителни два милиони евра бидејќи Суарез ја освои титулата.

„Во Барселона не веруваа во мене. Не ме ценеа. Им благодарам на Атлетико што веруваа во мене, што имаа целосна доверба. Благодарен сум им и тоа засекогаш ќе го ценам“, рекол Суарез по завршувањето на натпреварот во Ваљадолид.

Share
Scroll to Top