Суарез ги врати Атлетико од бездната против Сосиедад

Суарез ги врати Атлетико од бездната против Сосиедад

пред 3 години

Шпанскиот шампион, Атлетико Мадрид предводен од Луис Суарез успеа да се врати од 0:2 негатива против неочекуваниот лидер во Ла лига, Реал Сосиедад за 2:2 реми во возбудлив меч на „Ванда метрополитано“.

Норвежанецот Александер Сорлот ги шокираше домашните навивачи со гол уште во 7. минута од мечот, пред неговиот сонародник Александер Исак во 48. минута да зголеми на 0:2.

Тогаш на сцена стапи „џокерот“ на Диего Симеоне – Суарез, кој прво во 61. минута намали на 1:2 по асистенција на Жоао Феликс, за во 77. минута од пенал да донесе поен за Атлетико.

Поенот е доволен Сосиедад да се искачи сам на првото место на табелата со 21 поен, еден пред Реал Мадрид и Севилја, додека Атлетико се четврти со 18 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top