Судот во Лозана ја одби жалбата на Кинтана

Судот во Лозана ја одби жалбата на Кинтана

пред 1 година

Судот за спортска арбитража (CAS) ја одби жалбата на Наиро Кинтана против одлуката да биде дисквалификуван од овогодинешниот Тур де Франс.

Во август, Светската велосипедска унија (УЦИ), го елиминираше Колумбиецот и му го поништи резултатот од најпрестижната трка во светот, бидејќи во неговата крв беа пронајдени траги од забранетата супстанца трамадол.

Квинтана не доби забрана за настап на следните трки, но тој самиот се повлече од Вуелта.

Потоа тој се натпреваруваше на Светското првенство во Волонгонг, Австралија, каде што заврши само на 66. место во уличната трка.

„Присуството на допинг е јасно утврдено и нема причина зошто да ја поништиме одлуката на Светската велосипедска унија“, се вели во соопштението на CAS.

Кинтана на Трката околу Франција, две етапи заврши меѓу најдобрите петмина, а неговиот најдобар пласман беше второто место на планинската етапа на Кол ду Гранон.

Share
Scroll to Top