Суперкупот на Франција ќе с еигра во Тел Авив

Суперкупот на Франција ќе с еигра во Тел Авив

пред 3 години

Суперкупот на Франција оваа сезона ќе се одигра во Израел. Челниците на францускиот фудбал одлучија дуелот да се одигра на Блумфилд стадионот во Тел Авив. За титулата во Суперкупот играат шампионот и победникот или финалистот во Купот на Франција.

Французите ја продолжија традицијата, Суперкупот, да се игра во друга држава. Само лани, поради ситуацијата со коронавирусот, дуелот се играше во Франција, во Ленс. Во изминатите десет години, Французите Суперкупот го играа два пати во Канада, Мароко и Кина и по еднаш во Тунис, САД, Габон и Австрија.

Изминатите осум години трофејот во Суперкупот го освоија фудбалерите на ПСЖ. Минатата година тие го победија Марсеј со 2:1.

Share
Scroll to Top