ТАА во аут еден месец

ТАА во аут еден месец

пред 3 години

Фудбалскиот клуб Ливерпул по Вирџил Ван Дајк и Фабињо, остана и без услугите на Трент Александер-Арнолд во наредните 30 дена.

Десниот бек на Ливерпул се повреди во текот на дербито со Манчестер сити (1:1). Александаер-Арнол го повредил листот на ногата, а според прогнозите најмалку 30 дена ќе биде надвор од фудбалските терени.

Тоа значи дека тој ќе ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Англија, но и дуелите со Лестер и Брајтон во Премиер лигата и Аталанта во Лигата на шампионите. Под знак прашалник ќе биде и за дуелите со Ајакс и Вулверхемптон, кои на програмата се наредниот месец.

Share
Scroll to Top