Тајсон во напад на Вајлдер: Извади ја главата од задникот!

Тајсон во напад на Вајлдер: Извади ја главата од задникот!

пред 3 години

Боксерската легенда Тајсон Фјури му порача на својот американски сонародник Дионтеј Вајлдер да ја „извади главата од задникот“ и да продолжи со борбите наместо постојано да бара изговори за поразот од Тајсон Фјури.

Вајлдер го загуби римечот со Фјури со нокаут во седмата рунда на 22 февруари во Лас Вегас, со што ја загуби ВБЦ титулата, и оттогаш повеќе пати изјави дека има „сомнителни“ работи околу неговиот пораз – прво тврдеше дека костумот со кој излегол на мечот му пречел, потоа дека нешто му било турено во неговата вода за што го отпушти тренерот, а сега во саботата повторно изјави дека Фјури нешто имал во своите ракавици по што добил повреда на главата.

Тајсон, кој ќе има свој камбек на 28 ноември со Рој Џонс Јуниор, вели дека го почитува Вајлдер како боксер, но дека мора да излезе од оваа „ситуација“.

„Кога Вајлдер ќе ја извади главата од својот задник, ќе биде добар. Мора да престане да бара изговори, бидејќи е одличен боксер. Само продолжи да боксуваш. Оди со Фјури повторно, трет меч. Кога ќе имаш шанса за титулата, бори се. Го правиме ова толку кратко во нашиот живот и затоа е подобро да се делува отколку да се зборува“, вели 54-годишниот Тајсон.

Вајлдер: Ми ставија нешто во водата пред мечот со Фјури

Share
Scroll to Top