Твитер акаунтот на Барса едитира видеа за да врши притисок на судиите?

Твитер акаунтот на Барса едитира видеа за да врши притисок на судиите?

пред 6 години

Администраторите на Твитер акаунтот на Барселона се обвинети дека исфрлиле неколку фрејма од видео со кое сакаа да покажат дека се оштетени за пенал при вчерашниот пораз од Севилја од 2:0 во првиот меч од полуфиналето од Копа дел Реј.

Од Барса сметаат дека Сусо го повлекол Жорди Алба во шестнаесетникот, кога беше досуден само слободен удар бидејќи инцидентот почнал надвор од линијата и на Твитер акаунтот кратко напишаа: „Вака го видовме ова“ со видео од случката.

Навивачите на Севилја пак, на ова одговорија со своја анализа дека видеото кое го објави Барса е менувано, односно едитирано, и дека се исфрлени неколку фрејма за да се покаже нивната страна на вистината.

Share
Scroll to Top