Тежок пораз од Словачка, но Македонија ќе оди во квалификациите

Тежок пораз од Словачка, но Македонија ќе оди во квалификациите

пред 3 години

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа тежок 72:88 пораз од Словачка во последниот меч од пред-квалификациите за Светскиот куп во 2023 година, но сепак, успеа да влезе во квалификациите како првопласирана, и разликата ги носи и Словаците во квалификации, додека извисуваат фаворизираните Швајцарци.

По солидната прва четвртина, играта на тимот на Драган Бајиќ се „распадна“ во третата четвртина, кога Словаците успеаја да направат недостижна предност. Во последната четвртина разликата достигна и до 21 поен, пред со неколку тројки да го вратиме балансот и да го обезбедиме првото место во неубедлив натпревар.

Квалификациите за СК почнуваат во ноември, а наскоро ќе ги дознаеме и противниците, кои сигурно ќе бидат посилни репрезентации од тие со кои се соочивме на турнирот во Скопје.

Share
Scroll to Top