Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, сигурен е дека нема да добие отказ. Притисоците за неговата смена продолжија и по вчерашното катастрофално издание во дуелот со Тотенхем. На домашен терен Јунајтед доживеаубедлив пораз (0:3).
Манчестер јунајтед вопрвите шест кола во Премиер лигата забележа три порази, со седум бода се наоѓа на 12.место на табелата.
„Не, не размислувам за тоа. Ова чето донесовме заедничка одлука да останеме заедно, а исто така се договоривме дека со целосна анализа ќе утврдиме што можеме да подобриме и како ќе создадеме тим“, рече Тен Хаг на прес-конференцијата по дебаклот од Тотенхем.
Тој се обиде да го оправда лошиот старт на „црвените ѓаволи“ во новата сезона.
„Знаевме дека ќе ни треба време поради тоа како помина нашиот преоден рок. Некои играчи, како (Мануел) Угарте, дојдоа доцна. Исто така, мораме да направиме чекор напред во организацијата поради некои повреди, па ни треба повеќе време”, рече Тен Хаг и повика на колективна одговорност.
„Сите сме на иста страна или на ист брод заедно, сопствениците, струшниот штаб и фудбалерите. Не сум загрижен дека ќе добијам отказ“, јасен е Тен Хаг.
Да потсетиме, Јунајтед во четврток му гостува на Порто во второто коло од Лига Европа.