Тепачка на тренингот на Партизан, Демба Сек отстранет од тимот

Тепачка на тренингот на Партизан, Демба Сек отстранет од тимот

пред 5 часа

Фудбалерот на Партизан, Демба Сек, бил отстранет од тимот, откако предизвикал сериозен инцидент на тренингот на тимот.

Според „Моцарт Спорт“, Сенегалецот нападнал соиграч, со што ја нарушил клупската дисциплина, а тренерот Саша Илиќ одлучил да го отстрани од тимот.

Поради ова, Сек најверојатно нема да биде во составот за гостувањето кај Железничар во Панчево, во 12-то коло од српската Суперлига.

Според истиот извор, постои можност крилниот напаѓач да остане надвор од тимот до крајот на годината, а конечната одлука за неговиот статус би можела да биде донесена за време на јануарскиот преоден рок.

Сек и претходно имаше проблеми со дисциплината, а тренерот Илиќ претходно јавно предупреди за кршење на правилата на однесување на клубот.

Последниот инцидент дополнително го искомплицира неговиот статус во Партизан, кој потроши 1,4 милиони евра за да го откупи неговиот договор ова лето.

Засега не е познато дали клубот ќе изрече дополнителни дисциплински мерки против сенегалскиот фудбалер.

Партизан има сериозни проблеми од почетокот на сезоната, во 11 натпревари веќе забележа пет порази и во конкуренција на 14 екипи се наоѓа на 10-то место на табелата.

Foto/ Starsport

Share
Scroll to Top