Тимо Вернер го откажал трансферот во Баерн поради Ковач и Салихамиџиќ

Тимо Вернер го откажал трансферот во Баерн поради Ковач и Салихамиџиќ

пред 3 години

Напаѓачот на Челси, Тимо Вернер имал потпишано пред-договор со Баерн Минхен во 2019 година, пред да инсистира на раскинување откако дознал дека првите луѓе во германскиот гигант не го сакале, јавува „Спокс“.

Вернер, кој тогаш беше фудбалер на РБ Лајпциг, имаше договор кој истекуваше во 2020 и сакал трансфер како слободен играч, но се предомислил откако дознал дека тогашниот тренер Нико Ковач и спротскиот директор Хасан Салихамиџиќ не биле импресионирани од неговите квалитети.

Овие информации доаѓаат од судскиот случај меѓу агентот на Вернер, Карл-Хајнц Ферстер и неговиот поранешен партнер Мурат Локурлу, кој бара 660.000 евра од првиот професионален договор на Вернер со Штутгарт во 2014/15. Како дел од доказите, Локурлу има разговори поврзани околу активноста за трансферот на Вернер во 2019, кога преговарал со Ливерпул, кои му понудиле 12 милиони евра годишно и 25 милиони евра во бонуси. Но, Ферстер инсистирал тој да потпише со Баерн.

Следната година, Вернер замина во Челси.

Share
Scroll to Top