Тимо Вернер и неговите утки – видео компилација од ужасната сезона

Тимо Вернер и неговите утки – видео компилација од ужасната сезона

пред 3 години

Тимо Вернер веќе стана „симбол“ на напаѓач кој ги пропушта шансите на голот по огромен број на вакви ситуации оваа сезона, од кои најочигледната беше за Германија на мечот со Македонија, на кој славно славевме со 1:2.

Работите и во Челси не одат најдобро за германскиот напаѓач, откако на мечот со Реал Мадрид во полуфиналето на ЛШ повторно пропушти стоотстотна шанса, по што доби критики и од сопругата на неговиот соиграч Тијаго Силва.

Менаџерот на Челси, Томас Тухел побара од него повеќе да верува на својот инстинкт и да престане да размислува многу кога е пред голот, но предупреди дека по скапиот трансфер од РБ Лајпциг, во Челси очекуваат многу од него.

„Дали сме среќни кога ќе промаши шанса како на последниот натпревар? Не. Дали сакаме повеќе голови? Да. Дали и тој сака повеќе голови? Да. Не се работи за неговиот квалитет, туку за самодовербата и за моментот. За верување во својот инстинкт и за помалку размислување. Знам дека тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Јас никогаш не сум дал гол во мојата кариера и да дадев тоа ќе беше како мојот роденден и Божиќ да се на ист ден. Треба да ја врати самодовербата и да продолжи“, вели Тухел.

Share
Scroll to Top