Тим на играчи со голем потенцијал, ама без преголем ефект – Касано е водачот

Тим на играчи со голем потенцијал, ама без преголем ефект – Касано е водачот

пред 3 години

Угледниот спортски магазин „Франс фудбал“ во своето последно издание одлучи да се позанимава со фудбалерите кои имаа голем потенцијал, но кои на крајот не успеаја докрај да се покажат во тимовите во кои настапуваа.

Изборот сигурно не бил лесен, па меѓу многуте играчи неславното прво место му припадна на Италијанецот Антонио Касано.

Тој зад себе остави некои големи „глави“ на светскиот фудбал како Пол Гаскоњ и Стен Боулс, а на листата покрај нив имаше место и за Димитар Бербатов, Марио Баслер, Николас Ањелка, Андре ван дер Мејде и Бразилецот Адријано.

Францускиот магазин Касано го опишува како еден од оние кои со својот потенцијал можеа да остварат се во фудбалот, но на крајот не успеаја ништо. Играше за Милан, Интер, Рома и Реал Мадрид. Секаде освои трофеи, но само во Рома беше еден од најдобрите.

Кога станува збор за Пол Гаскоњ, тој најдобрите партии ги имаше во дресот на Тотенхем од 1988 до 1992 година, но кај него алкохолот, дрогата и дисконтинуитетот преовладаа. Имаше две тешки повреди во кариерата, едната од нив беше додека играше за Лацио.

На подиумот има место и за Стен Боулс кој играше за Сити во текот на шеесетите години од минатиот век. Многумина го сметаа за добар ривал на Џорџ Бест, но и него пороците го одведоа на погрешна страна. Пушел по 60 цигари на ден додека настапувал за Квинс Парк Ренџерс.

Share
Scroll to Top