Тим се откажа од Монте Карло

Тим се откажа од Монте Карло

пред 4 години

Доминик Тим, поради повреда, го откажа учеството на Мастерсот во Монте Карло.

Австриецот од почетокот на сезоната настапи на Австралија опен и на турнирите во Доха и Дубаи. Поради повредата не настапува на Мастерсот во Мајами.

На Австралија опен Тим испадна во четврт-финалето, во Доха стигна до третото, а во Дубаи до второто коло.

Мастерсот во Монте Карло на програмата е од 12. до 18.април. Извесно е дека на овој турнир ќе учествуваат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Share
Scroll to Top