Тлото во Акапулко се тресе, Зверев и Кепфер играат тенис

Тлото во Акапулко се тресе, Зверев и Кепфер играат тенис

пред 3 години

Земјотрес бил почувсвуван во Акапулко, во текот на мечот помеѓу Германците, Александар Зверев и Доминик Кепфер. Германците не го прекинаа поенот, иако на камерата може да се забележи како се тресе тлото.

Инаку, станува збор за посилен земјотрес, со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на брегот на Пацификот, на кој се наоѓа и Акапулко, на длабочина од 30 километри.

Мечот заврши со победа на Зверев 6/4, 7/6, кој за титулата во Акапулко ќе игра против Стефанос Циципас.

 

Share
Scroll to Top