Тоа е доверба – по шест порази во низа Каљари му дадоа нов договор на Ди Франческо

Тоа е доверба – по шест порази во низа Каљари му дадоа нов договор на Ди Франческо

пред 3 години

Вообичаено кога твојот тим ќе загуби во шест последователни прволигашки мечеви, прва „жртва“ е тренерот, но на Сардинија не мислат така. Каљари потврди дека го продолжила договорот на тренерот Еузебио ди Франческо по денешниот 1:0 пораз од Џенова, со кој влегоа во зоната за испаѓање.

Ова е показател на довербата на популарниот ЕДФ на Сардинија, иако тој има вкупно седум порази во низа, ако се смета и Копа Италија. 51-годишниот Ди Франческо сега има договор со Каљари до 30 јуни 2023 година.

„Го обновивме договорот за да му дадеме повеќе сила, солидарност и да покажеме колку му веруваме“, изјави претседателот на клубот, Томасо Џулини.

Ди Франческо лани беше отпуштен од Сампдорија по неколку месеци од сезоната, по што пристигна во Каљари и им обезбеди пласман на 14. место. Претходно, тој беше тренер на Сасуоло пет сезони, носејќи ги во Серија А во 2013 година, по што во 2017 премина во Рома, и во првата сезона ги однесе до полуфиналето на ЛШ. Следната сезона тој доби отказ по елиминацијата во осминафиналето во ЛШ.

Share
Scroll to Top