Тован го комплетираше трансферот во Тигрес

Тован го комплетираше трансферот во Тигрес

пред 3 години

Мексиканскиот клуб Тигрес потврди дека го донеле Флоријан Тован од Марсеј со слободен трансфер, со што 28-годишниот Французин се реши за мексиканска авантура и за обновено партнерств со Андре-Пјер Жињак, кој е во Тигрес од 2015 година.

Тован беше поврзуван со повеќе клубови од Премиер лигата и со Милан, но се реши за неочекуван трансфер. Тој беше во Марсеј од 2013 година, пред да се пресели во Њукасл, каде што помина сезона и пол пред да се врати на „Велодром“.

За Тигрес, пак, ова е продолжување на градење на имиџот на моќен клуб во Мексико, откако успеаја да привлечат неколку фудбалери од Европа – покрај Жињак, таму играат и Карлос Салкедо, Гвидо Пизаро и Диего Рејес.

Share
Scroll to Top