Томасон: Никогаш не го гледав повторно поразот од Истанбул

Томасон: Никогаш не го гледав повторно поразот од Истанбул

пред 4 години

Поранешниот напаѓач на Милан, Јон Дал Томасон открива дека никогаш во животот не ја гледал снимката од легендарниот пораз од Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите во 2005 во Истанбул.

Поранешниот дански репрезентативец одигра три сезони во Милано со 35 гола во 114 мечеви, а влезе во игра во второто полувреме од тоа финале во 2005, кога Милан имаа 3:0 предност, која ја загубија во тоа полувреме и потоа го загубија мечот и трофејот на пенали.

„Тоа е убедливо најлошото сеќавање од моите години во Милан. Кога го дадов голот од пенал мислев дека ќе победиме, но неколку минути подоцна чувството исчезна. Сите бевме утепани од тој пораз, никогаш не сум собрал храброст повторно да го гледам мечот и нема да го направам тоа“, вели Томасон.

Тој освои пет трофеи во Милан, вклучувајќи ја Лигата на шампионите во 2002/03 и скудетото во 2003/04.

Share
Scroll to Top