Том Брејди потврди дека се повлекува по 22 години и 7 титули

Том Брејди потврди дека се повлекува по 22 години и 7 титули

пред 2 години

Том Брејди, легендарниот квотербек на Темпа Беј буканирс официјално потврди дека се повлекува од НФЛ лигата, објавувајќи на Инстаграм дека веќе не може да ја има „натпреварувачката посветеност“.

„Секогаш сум верувал дека фудбалот е таков – или си 100 отсто посветен или нема да успееш. Постојат физички, ментални и емоционални предизвици секој ден пред да се излезе на терен. Го дадов мојот максимум последните 22 години“, напиша Брејди.

44-годишниот Брејди е сметан за најдобриот квотербек во историјата, со седум Супер бол титули, најмногу за еден играч во историјата, заедно со пет МВП награди на Суперболот. Тој помина 20 сезони во Њу Ингланд патриотс, пред да освои титула и со Темпа Беј минатата сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Brady (@tombrady)

Share
Scroll to Top