Тони откри кога Рафа ќе се пензионира

Тони откри кога Рафа ќе се пензионира

пред 2 години

Тони Надал, чичкото на Рафаел Надал, проговори за тоа кога шпанскиот тенисер би можел да ја заврши кариерата.
По пензионирањето на Роџер Федерер, од големата тројка останаа Новак Ѓоковиќ и споменатиот Рафа, а се очекува тој наскоро да стави крај на кариерата. Неговиот долгогодишен тренер мисли дека крајот ќе дојде кога ќе престане да победува.

„Не сум видовит, па да можам да кажам колку долго ќе игра Рафа. Убеден сум дека се додека чувствува дека може да победи, ќе игра. Кога ќе сфати дека повеќе нема можност да освојува турнири, ќе заврши неговата кариера.Едноставно се ќе зависи од неговото тело, но и од неговите ривали“, изјави Тони Надал.

Рафа во последните години мака мачи со повредите и покрај тоа што успева да се рехабилитира на неверојатен начин, поради тоа се чини дека крајот е се поблиску.

Моментално е втор на АТП листата зад неговиот сонародник Карлос Алкараз кој има 930 бодови повеќе.

Надал годинава има 38 победи и пет порази, што беше доволно да слави на Австралија опен и Ролан Гарос.

Share
Scroll to Top