„Топчиите“ распукаа на снегот, настрада Вест Бром

„Топчиите“ распукаа на снегот, настрада Вест Бром

пред 3 години

По ремито со Ливерпул, работите тргнаа надолу за Сем Алардајс и Вест Бром. Од друга страна, Арсенал ја забележа третата победа во низа, овојпат со 4:0 на гости кај „Бегис“ за да го кренат ентузијазмот на фановите дека сезоната сепак може да се спаси.

Киеран Тирни ги донесе „топчиите“ во водство во 23. минута, пред фантастичниот тинејџер Букајо Сака само пет минути подоцна да зголеми на 0:2. Александер Лаказет, несомнено беше човекот на второто полувреме, откако за три минути (61. и 64. минута) постигна два гола за печат на победата на тимот на Микел Артета.

Арсенал скокна на 11. место на табелата во Премиер лигата со 23 поени, додека ВБА останува на претпоследното место со 8 поени, дури шест од безбедната зона, каде што се наоѓа Брајтон.

Share
Scroll to Top